Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“
Во Скопје денеска ќе се одржи четвртиот експертски состанок во рамки на проектот „Нека правдата владее со регионот", поддржан од Кралството Холандија (MATRA). Настанот претставува платформа за обединување на регионалните граѓански иницијативи кои се фокусирани на владеењето на правото и други клучни прашања од Кластер 1 – Фундаментални вредности.
Целта е да се поттикне структуриран експертски дијалог меѓу институции, граѓански сектор, бизнис заедницата, академската средина и други, преку размена на искуства и знаења за витални прашања од Кластер 1 -- Фундаментални вредности. Проектни партнери се: Европски конвент на Србија, Европското движење во Албанија и Европското движење во Република Северна Македонија.
- Овој состанок се надоврзува на претходните три експертски средби одржани во секоја од споменатите држави. Во овој контекст, проектот акцентира теми од реформската агенда во рамки на ЕУ Планот за раст на Западниот Балкан и Механизмот на владеење на правото на Европската Унија. Како и на претходните состаноци, се очекува изработка на документ со споредливи резултати и конкретни препораки за јавни политики, кои ќе бидат упатени до клучните актери во процесот на пристапување кон Европската Унија, најави Европското движење во РСМ.
Со состанокот се заокружуваат годишните активности на Национална конвенција за Европска Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), поддржана од Делегацијата на Европската Унија и СловакАид и Регионалната иницијатива „Нека правдата владее со регионот", поддржана од Кралството Холандија (MATRA).
Најавени се воведни обраќања на Александар Јанев, директор на Биро за јавна безбедност, Андреј Лепавцов, директор на директоратот за Европска Унија, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија и Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК.
Ново на Сител
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро