Честитка од МД „Илинден“ по повод големиот христијански празник Водици
Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици.
Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба, се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги водите да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивни исчекори.
– Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, Ваше Блаженство. Бог се јави – навистина се јави-стои во честитката.
Во духот на македонските обичаи и традиции празникот Водици се слави насекаде во Албанија каде што живеат Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.
Во Голо Брдо крстот украсен со босилeк, порано, кога православните биле во голем број, се полагал во реките, но сега тоа се прави симболично во поголем сад со вода, додека во Мала Преспа традиционално во сите села крст ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола