Чавушоглу: Без визна либерализација нема договор со ЕУ за мигрантите
Турција ќе го напушти договорот со Европската унија за намалување на приливот на мигранти, доколку нејзините државјани не добијат визна либерализација, предупреди денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
- За Анкара е невозможно да ги промени своите закони за борбата против тероризмот, што Брисел го очекува во замена за укинување на визите за Шенген зоната за турските граѓани, додаде тој.
Според него тое не е закана, туку реалност.
- Потпишавме две спогодби со вас (ЕУ) и двете се поврзани. Ова не е закана, туку нешто што произлегува од договорот, додаде тој.
Турција, според него ќе употреби административни мерки за да го блокира договорот, доколку е потребно.
Лидерите од ЕУ бараат Турција да исполни 72 услови за визна либерализација и да ја ограничи својата дефиниција за тероризмот, со цел да претстане да гони академици и новинари поради објавување на она што се нарекува „терористичка пропаганда“.
- За која дефиниција зборувате? Секоја земја во Европа има различна дефиниција за тероризмот, рече Чавушоглу, алудирајќи на строгите безбедосни мерки во Франција.
Турција, според него, во моментов се бори против повеќе терористички групи, вклучувајќи ја и забранетата Курдска работничка партија.
- Во такви околности не е можно да се промени законот за борба против тероризмот, заклучи Чавушоглу.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!