Фудбал
23. јуни 2021 - 9:09

Чалханоглу премина од Милан во Интер

Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од денеска и официјално е нов фудбалер на Интер, потпишувајќи тригодишен договор со италијанскиот шампион.

Дваесетиседумгодишниот играч за врска во Интер дојде без обесштетување, откако му заврши договорот со градскиот ривал Милан.

Финансиските детали од договорот, засаега, не се соопштени

Минатата сезона Чалханоглу одигра 33 натпревари за Милан во Серија А и беше еден од клучните играчи на „црвено – црните“, кои како второпласирани обезбедија настап во Лигата на шампиони, првпат по пауза од осум години.