Цените на лебот, млекото, шеќерот, маслото и месото „замрзнати“ до 31 јануари
Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава.
Замрзнувањето на цените ќе важи во трговијата на големо и во трговијата на мало.
Одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи што вчера ја донесе Владата, може да биде продолжена и по 31 јануари 2021 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.
Замрзнувањето на цените во петокот го најави министерот за економија Крешник Бектеши. Мерката е базирана на анализата и пресметките што ги направило Секторот за трговија при Министерството за економија. Бектеши најави дека ако предвидат оти ќе има ценовни шокови ќе се интервенира во рамки на надлежностите и согласно Законот за трговија.
Со барање за замрзнување на цените на основните прехранбени производи претходно излезе Организацијата на потрошувачи на Македонија. Тоа, според ОПМ, е неопходна мерка за да се намали ударот на инфлацијата врз граѓаните, имајќи предвид дека со евентуалниот пораст на цената на струјата се очекува и нов бран на поскапувања кој ќе удри на потрошувачката кошница.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, смета дека замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти од страна на Владата, можеби ќе го ублажи, но никако не може да го стопира бранот на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните.
Според него, причинител за инфлаторната спирала е енергетската криза, за чие надминување власта спроведува погрешни политики.
-Тоа не се прави со ограничување на цената на производите, туку тоа е една од сетот мерки што требаше да се преземат, вели Мицкоски.
С Македонија не е прва земја во регионот што ги замрзна цените на основните прехранбени и стратешки производи.
Во Србија од 1 декември „под мраз“ на 60 дена се ставени цените на шеќерот, брашното, сончогледовото масло, свинското месо и млекото. Претходно тоа го направи и Црна Гора, а Хрватска пред еден месец ги замрзна цените на горивата.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат