Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
Владата денеска ги одобри договорите за користење на средствата од унгарската кредитна линија наменети за компаниите со што практично сега Развојната банка може да ги потпише договорите со банките и средствата да станат оперативни.
Парите ќе се земаат од комерцијалните банки со рок на отплата до 15 години од потпишувањето на договорот и грејс период од три години. Каматната стапка е 1,95 проценти, без дополнителни надоместоци. Максималниот износ за кој може да се аплицира е до 10 милиони евра, а во целиот проект вклучени се сите 13 банки.
Според Владата, ова е најголема сума што му е дадена на располагање на бизнис секторот под супер поволни услови, а крајниот бенефит ќе го имаат компаниите и граѓаните со зголемување на конкурентноста на компаните и отворање на нови работни места.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција рече дека постапката ќе биде транспарентна и критериумите ќе бидат еднакви за сите.
- Трошоците за одобрување се нула денари. Постапката ќе биде максимално транспаретна и условите ќе бидат еднакви за сите компании. Со денешните одлуки од страна на Владата велегуваме во последната фаза од операционализацијата на средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Со потпишување на договорите се отвара патот за Развојна банка да ги добие средствата од Буџетот, а понатаму да бидат пренесени во комерцијалните банки и оттаму до компаниите, рече министерката за финансии.
Ризикот за одобрување на средствата, како што посочи, е кај банките кои одлучуваат кој и какви проекти ќе кредитираат.
Приоритет, како што рече Димитриеска-Кочоска, ќе имаат производните компании, но можност да аплицираат ќе имаат сите компании.
- Секако акцент имаат производните компании, но ако ги погледнете анализите на Народната банка, ќе видите дека генерално пласманите што ги прават банките годишно не се нешто многу поголеми од овој износ и затоа ние на крајот се одлучивме да се отвориме кон сите компании во насока на тоа секој да има пристап. Секако производните капацитети ќе имаат приоритет и по информациите што ги имам со едни од најгоемите банки во државата, тие веќе имаат постоечки и одобрени пласмани за кои само чекаат потпишување на соодветната документација, рече Димитриеска-Кочоска.
Премиерот Христијан Мицкоски ветува дека нема да има тргување на влијание што се отвори како сомнеж откако се прошири опфатот на компании кои може да аплциираат за добивање на средствата. Интенцијата за проширување на опфатот, како што посочи, била да се искористат средствата, а одлуката е донесена врз основа на анализите и бројките кои покажуваат дека стопанството годишно може да повлече 250 милиони евра.
- Претпоставувам зборувате за минатото кога на владини седници добиваа концесии за нивни блиски роднини, премиери потпишуваа концесии за добивање енергетски согласности за објекти кои произведуваа електрична енергија од обновливи извори... Претпоставувам зборувате за онаа кампања на сега опозициската СДСМ за хидро Мицко која заврши со судска пресуда во која СДСМ беше обвинета за клевета и пласирање во јавност невистинити информации за што е треба да се извини. Верувајте во оваа Влада додека јас ја водам тргување на влијание нема да има и бидете спокојни, рече Мицкоски.
Средствата од унгарската кредитна линија се дел од заемот што Владата го зема од Унгарија за што договорот беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово