Целодневни судири во Нагорно-Карабах, се бројат мртви на двете страни
Парламентот на Азербејџан и Владата на Ерменија денеска прогласија воена состојба во своите земји, а властите во Ереван и непризнатата Република Нагорно-Карабах, за која двата соседа и влегоа во вооружен судир , прогласија општа мобилизација и полициски час во неколку региони долж линијата на вооружениот конфликт, пренесоа британските медиуми.
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, попладнево соопшти дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците, откако ерменските сили отворија оган долж линијата на раздвојување.
-Пукано беше од различни орудија, вклучително и оние со голем калибар, рече Алиев, наведувајќи дека „ова е уште една воена провокација на Ерменија“ .Тој посочи дека Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија.
Лидерот на Нагорно-Карабах, Араик Артјунијан, соопшти дека е почната мобилизацијата на сите граѓани над 18 години и дека е прогласена воена состојба во земјата. Тој додаде дека од утринава во судирите со азербејџанските војници се убиени 16 војници и има над 100 ранети.
Утринава повторно дојде до судир меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно Карабах, област со мнозинство Ерменци, која прогласи отцепување од Азербејџан во 90-тите години на минатиот век.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит