Македонија
1. February 2021 - 14:29

Царовска: Секое училиште ќе се реорганизира за да се надоместат изгубените часови на матурантите

Поради изгубените часови за време на бојкотот на наставата, училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат изгубените часови на матурантите, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговорајаќи на новинарско прашање во Штип каде што се одржува дебата за средно стручно обарзование.

Повтори дека сите коишто сакаат да продолжат на факултет мора да имаат положено државна матура, а обврска на Министерството за образование и наука и на Владата, рече, е таа да се спроведе согласно со законските рокови. 

-Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има  неможност да се спроведе наставата, така и овојпат ќе си се реорганизираат и тоа ќе се спроведе во училиштата, рече Царовска.