Бугарско МНР: Над 100.000 граѓани на С. Македонија поднеле документи за бугарско државјанство, а само 3.504 се изјасниле како Бугари
На резултатите од Пописот во Македонија, регираше и бугарското Министерство за надворешни работи.
Од таму велат дека резултатите од Пописот во Македонија, биле изненадување.
На Пописот во Македонија како Бугари се декларирале 3.504 лица, што според Бугарија е драстична разлика од поднесените барања за бугарски пасоши.
„Република Бугарија во повеќе наврати истакна дека е од огромно значење да се создадат услови за слободно самоидентификување на граѓаните со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и гарантирањето на нивните права.
Во таа насока, со големо изненадување ги прифаќаме објавените податоци за бројот на граѓани кои се декларирале како Бугари на пописот во земјата.
Забележуваме дека има драстична неусогласеност помеѓу овие и податоците за бројот од над 100.000 граѓани на Северна Македонија кои лично поднеле документи кои докажуваат бугарско потекло и самосвест со цел добивање на бугарско државјанство“, велат од бугарското МНР, од каде посочуваат и дека за нив предмет на сериозна анализа е фактот што во Македонија за 7,2 отсто (132.260) од граѓаните податоците се преземени од бази на податоци и не се активно пребројани на терен односно се заведени без да се утврди нивната етничка или верска припадност.
Бугарското МНР има забелешки и што нема информации за бројот на државјани на Македонија кои се во дијаспората, а се декларирале како Бугари.
„Ги земаме предвид сомнежите за транспарентноста и кредибилитетот на процесот искажани од организациите на Бугарите во Северна Македонија за време на пописот и при објавувањето на резултатите. Очекуваме нивниот глас да биде слушнат и од властите во Северна Македонија“, велат од таму.
Ново на Сител
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп