Македонија
23. February 2025 - 16:38

Старите автентични куќи оставени на забот на времето

Старите автентични охридски куќи кои го оживуваат духот на традицијата оставени на забот на времето.Со оглед на тоа дека голем дел од старите куќи кои не се  под заштита исчезнаа или се распаѓаат ,од Завод и музеј најавија дека треба да се маркираат таквите објекти и да им се  даде некој режим на заштита.Околу 88 заштитени објекти има во старото градско јадро  додека како регион има над 250 .

Поради недоволната грижа за културното наследство во лоша состојба се и дел од репрезентативните локалитети во градот.

Во минатото приоритет на заштитата му се давало на сакралните објекти од средниот век и на староградската архитектура , Од 2005 година со новиот закон за Заштита на културното  наследство се ставаат под заштита и други објекти од поновата историја и актуелни објекти од модерната архитектра како што е случајот со хотелот Палас ,Историскиот архив  , Пензионерскиот дом  и многу други.