Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
Со свечен пречек на архиереите на Македонската Православна Црква и гостите од бугарската православна Црква во Кратово започна одбележувањето на патронот на градот, свети Ѓорги Кратовски.
Светата архиерејска литугија ја предводеа месниот метрополит кумановско-осоговски г. Григориј и митрополитот од Бугарија Јаков Доростолски, кој минатата година ги донесе моштите на светиот Ѓорги Кратоски во Кратово. Со нив созлужуваа и митрополитот тетовско-гостиварски Г. Јосиф, митрополитот кумановско-осогвоски Г. Јосиф, митрополитот брегалничким Г. Иларион, епископот Велички Никола и еписокопот Исак од Бугарија.По завршувањето на литургијата, владиците, свештениците и верниот народ во заеднички литија во чест на свети Ѓорги Кратовски се упатија низ улиците на градот.
Градоналачникот на општина Кратово, Тодорче Николовски, кој положи цвеќе пред споменикот на Светиот Ѓорги, посочи дека Градот Кратово достојно го одбележува празникот на својот заштитник.
На плоштадот Павел Шатев, се изврши и чинот на водоосветување и благослов на колачот. Програмата продолжи со културно уметничка програма.
-
Кирил Стојанов
Сите содржини од овој новинар