Бугарите за една година посиромашни за две милијарди долари
Бугарските државјани во однос на лани се посиромашни за вкупно две милијарди долари, се наведува во годишниот извештај на „Кредит Свис“.
Расположливите средства по глава на жител кон средината на годинава изнесува 14.824 долар (9.159 долари финансиски и 8.748 долари нефинансиски средства).
Вкупното „богатство“ на Бугарите е намалено и во однос на 2007 година (пред финансиската криза). Тогаш тоа изнесувало 113 милијарди долари, додека пак за време на кризата, до 2010 таа бројка се спуштила на 88 милијарди.
До 2013, износот повторно се враќа на 113 милијарди долари. Оттогаш, Бугарија секоја година забележува пад, па така, во 2016 цифрата го достигна најниското ниво за последново десетлетие.
Задолженоста на Бугарите е исто така во пораст. Ако во 2007 таа изнесувала во просек 1.933 долари, годинава изнесува 3.083 долари по глава на жител.
Во светски рамки, последниве 12 месеци „благосостојбата“ е во пораст од 3,5 билијарди (1,4 отсто), и изнесува 256 билијарди долари.
Најбогатите 10 отсто од светското население поседуваат 89 проценти од светското богатство.
Ново на Сител
-
Ахмети му пиша на Мицкоски: Ситуацијата е сериозна
-
Борисов победник на изборите во Бугарија – Неизвесно формирањето на нова Влада
-
Од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина, интензивно се работи на Гостивар – Букојчани
-
Јокширски мост во Кратово пред распаѓање – се грижи ли државата за спомениците на културата?
-
Кочанчани го блокираа патот кој води кон депонијата
-
Работна група на ЗЕЛС ќе посредува со Владата за Струмица и Карпош да не ја напуштаат организацијата
-
СДСМ бара кривична одговорност за Христовски
-
Над 61.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип - од денеска вакцинација и во старски домови