Над 61.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип - од денеска вакцинација и во старски домови
За една недела 19.000 граѓани биле вакцинирани против грип, а досега пријавени се повеќе од 61.000 лица од ризичните групи за да примаат вакцина, соопшти министерството за здравство. Од таму информираат дека од денеска мобилни тимови ќе почнат со имунизација и во домовите за стари лица. Паралелно во ИЈЗ се спроведува и вакцинација за здавствените работници, а нивни екипи излегуваат на терен и во болниците и клиниките.
- Годинава за прв пат екипи од ИЈЗ излегоа на терен и ги посетуваат здравствените установи за да ги вакцинираат заинтересираните здравствени работници против сезонски грип. На тој начин сакаме да им олесниме и на нив за да не доаѓаат во пунктот и како трето гледаме што побргу да завршиме со вакцинацијата на здравствените работници за да го ослободиме пунктот а вакцинација и за останати граѓани кои пројавиле интрес и се пријавиле за да добијат вакцина, изјави д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Покрај здравствени работници, со бесплатна вакцинација се опфатени и постарите од 65 години, лицата со хронични заболувања, бремените, деца од 6 месеци до 5 години, граѓани сместени во старски домови и вработените во тие установи. Државата обезбеди 70.000 дози, а има и донација од дополнителни 10.000 исто така 4-типни вакцини.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар