Македонија
2. јуни 2017 - 14:43

Брза помош за напаѓачот на Никола Тодоров

Со амбулантно возило во Кривичен суд бил пренесен Љупчо Стојановски, човекот кој вчера пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Со полициска придружба, тој бил донесе до Кривичниот суд.  Од обвинителството известија дека е започната истрага против него за две кривични дела, убиство во обид и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.