Македонија
4. February 2021 - 16:41

Британскиот сој и Комисијата за заразни болести може да одлучат за одложување на пописот

Ширењето на британскиот сој на коронавирусот и мислење од Комсијата за заразни болести дека попис би ја влошил состојбата со Ковид пандемијата се причини поради кои СДСМ би можел да побара статистичката операција наместо во април да се спроведе неколку месеци подоцна. 

Од пратеничката група на владејчката партија велат дека ја следат состојбата откако и шефот на државата Пендаровски ја отвори ваквата можност, но за нејзе кажа дека вреди да се размисли и премиерот Зоран Заев.

Од коалицискиот ДУИ пак, велат одоложување не треба да има и дека секое пролонгирање би значело нов политички договор.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак,со став дека власта се повеќе се доближува до нивните мислења за пописот.

Мицевски вели дека засега останува инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи за предлог закон за укинување на законот за актуелниот попис.

Законот за попис беше донесен пред само три недели со образложение дека од 1-ви до 21-ви април сосема ќе е безбедно да се спроведе статистичката операција која државата ја нема веќе 19 години.