Свет
31. December 2022 - 11:41

Британија: Русија деновиве би можела да изврши нов голем напад

– Британското Министерство за одбрана наведува дека постои реална можност Русите деновиве да извршат удари со долг дострел врз Украина со цел да го поткопаат украинскиот дух.

Тие додадоа дека од октомври, Русија го следи моделот на започнување интензивен бран на напади на секои седум до 10 дена, првенствено насочени кон електричната мрежа на Украина.

Последниот беше во четвртокот.