Бремена жена починала, докторите го спасија бебето со царски рез: Она што следуваше е само Божјо чудо
Како и секое утро, така и тогаш тргнала на работа и не ни помислувала дека може да се случи нешто вакво.
Ерика Нигрели, 32-годишна наставничка по англиски јазик во Тексас, била во 36-тата недела во бременоста. Се било во ред, но потоа се случи хорор кој беше главна тема во медиумите ширум светот.
Ерика влегла во училницата за да го одржи часот, но веднаш паднала во несвест.
Нејзините колеги, вклучувајќи и медицинска сестра, веднаш се обиделе да помогнат. Го масирале срцето, давале вештачко дишење, а користеле и дефибрилатор.
Кога наставничката паднала, учениците панично истрчале надвор и очајно барале помош. Сопругот на Ерика, Нејтан, кој исто така работи во училиштето ја слушнал вревата од учениците и се стрчал кон училницата.
Во тој момент стигнала Итна помош. Ерика била пренесена во болница, но заклучиле дека е предоцна затоа што нејзиното срце престанало да чука.
Во овој хорор, докторите успеаја да го спасат животот на малото бебе. Три недели пред терминот, од телото на својата мртва мајка, со царски рез беше родено мало девојче.
Докторите се подготвуваа да ја напуштат салата, а потоа слушнале за нив добро познат звук. Отчукување на срце. Хирурзите се вратија и беа сведоци на чудо- срцето на Ерика почнало да чука.
Светските медиуми за оваа вест пишуваа со наслови „Ова е само Божјо чудо“!
Неколку недели таа поминала на Интензивна нега од кои пет дена вила во вештачка кома. И нејзиното бебе беше на Интензивна.
За три месеци, малата Елајна била тргната од апарати за дишење кога тежела 4 килограми.
За Ерика се воспоставило дека боледува од нешто кое предизвикува проблеми со срцевиот мускул што е причина за бројни срцеви удари кај млади и активни спортисти.
Оваа потресна приказна има среќен крај. Ерика и нејзиното бебе денес уживаат во заедничка прегратка.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ