„Блиц“: Северна Македонија и Словенија најмногу профитирале од косовските такси на Србија
Косовската рампа за стоки од Србија, која годишно на српското стопанство и нанесува штета од 500 милиони евра, им направи добра работа на соседните земји на Србија, но и на најразвиените економии во светот, пишува „Блиц“ Бизнис во утрешниот број.
Според информациите на кои се повикува „Блиц“, Косово во февруари годинава го има зголемено увозот за 13,4 отсто или за 27 милиони евра во однос на февруари 2018 година.
Најмногу е зголемен увозот од Словенија, што во споредба со минатата година на компаниите во Косово им има продадено стоки за 9,3 милиони евра повеќе.
Второто место го зазема Северна Македонија, која во февруари има пласирано стоки на Косово во вредност од седум милиони евра повеќе отколку во истиот период минатата година.
Следни се Албанија и Турција, од каде што Косово ги зголемило набавките за шест милиони евра.
Интересно е, пишува „Блиц“, дека петтото и шестото место ги делат Германија и Кина. Тие го зголемиле извезот во Косово за вкупно околу пет милиони евра.
Значително зголемување на извозот од околу 1,5 милиони евра има Хрватска, додека компаниите од Црна Гора, исто така, остварија раст од околу 400.000 евра.
Од друга страна, пишува „Блиц“, купувањето на стоки од Србија истовремено е намалено за 98,4 проценти. Практично во февруари минатата година, фирмите од Србија имаат продадено производи во Косово за 30,1 милиони евра, а една година подоцна за минимални половина милион евра.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек