Бизнис
1. October 2024 - 16:55

Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада

Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан. Очекувањата од новата Влада биле големи, а во првите 100 дена, работодавачите велат дека не добило ништо. Им се ветувале поволни кредити од унгарскит заем, но никој не им ги спомнал условите, ниту ги информираел  за што ќе можат да ги користат парите – дали за тековно работење или за инвестиции.

Очекувавме дека оваа Влада ќе има сенс за бизнисот, но се зборуваше само за повисоки плати во јавната администраија, земање кридити за општините, а нас, бизнисот, не заобиколија.  Со еден збор, не направија ништо, изјави Владанка Трајковска, претседател на Органзиација на работодавачи

Синдикатот  не може да даде оцека додека не седнат на заедничка маса.  Иако во првите 100 дена не се одржа социо-еконосмки совет, не отстапуваат од барањата за зголемување на минамалната, а со тоа и на останатите плати. Со сегашниот минималец, велат дека може да се купи само леб и вода

„Сметаме дека 25 илјади работници кои примаат плата од 22.567 денари е некоректно, односно нечовечки да примаат како таква. Сметам дека 10 илјади работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една синдикална минимална кошница ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани“, изјави Слободан Трендафилов,  претседател на ССМ.

Едно од барањето  на  Сидникатот во првите 100 дена од новата власт беше зголемување на минималецот на 450 евра. Аргументи беа дека трошоците за  живот постојано растат, а  платите не стигнувааат ниту за нормална живеачка.