-->
-->
Бизнис секторот бара државната поддршка за исплата на плата да важи до септември
-->
Продолжување на мерката за зачувување на работните места до септември да биде првата одлука на новата Влада. Оваа мерка предвидува 14.500 денари за вработените во компаниите зафатени од кризата и ќе важи уште за платите за овој месец.
Техничката Влада нема можност да носи нови мерки кои на работодавачите им се потребни, затоа бизнис секторот бара брзо формирање на Влада која веднаш ќе донесе нов пакет мерки за поддршка на стопанството.
„Дотогаш апелирам до работодавачите да ги искористат сите форми за да ги задржат работниците. Нека ги пратат на одмор, нека исплаќаат 70% од плата, нека најдат други форми за работниците да останат на работа затоа што тие ќе им бидат потребни подоцна“, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка