Македонија
5. March 2018 - 8:36

Бигорски доби магистер по црковна музика

Свештената Обител на познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го доби својот прв магистер по византиско пеење и музикологија.

-Со благослов на нашиот почитуван надлежен архипастир, Митрополит г. Тимотеј, и со молитвената и татковска поткрепа на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, Свештената Бигорски Обител го доби својот прв магистер по византиско пеење и музикологија, нашиот собрат јероѓаконот Анатолиј, велат од Бигорскиот манастир.

Отец Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“.