-->
-->
Без победник на дербито на Ливерпул
-->
Дербито на 5. коло во англиската Премиер лига одиграно попладнево на „Гудисон парк“ меѓу домаќинот Евертон и градскиот ривал Ливерпул заврши нерешено 2:2.
Ливерпул два пати водеше со головите на Садио Мане во 3. и Мохамед Салах во 72. минута. Домаќините одговорија со точни удари на Мајкл Кин (19. минута) и Доминик Калверт-Лун (81).
Во 90. минута Евертон остана со десетмина по црвениот картон на Ричарлисон, Ливерпул постигна гол две минути подоцна, но судиите поради офсајд согледан со помош на ВАР го поништија погодокот.
По овој натпревар, Ливерпул со 10 бода е на второто место во поредокот, Евертон со 13 бода е лидер на табелата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите