Бесна улична војна во Париз: Уапсени 320 демонстранти, 69.000 полицајци на терен
Триесет и две лица утреово се превентивно притворени во Париз, пред денешниот протест на „жолтите елеци“, јавува дописникот на МИА. Приведувањето на овие лица е поради сомневање дека се подготвувале да учествуваат на насилнички протести.
Рано изутринава, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер изврши проверка на безбедносните сили распоредени на улиците во Париз, каде по првпат се појавија и оклопни борбени возила на жандармеријата. Вкупно 69. 000 припадници на безбедносните сили ќе се обидат да ги спречат насилничките испади, со оглед дека постојат сериозни најави дека дел од „жолтите елеци“ и радикализирани елементи ќе се обидат да предизвикаат нереди.
Изутринава на главната артерија во Париз – Шанзелизе, веќе се присутни „жолтите елеци“, но само откако ги поминаа филтрите на полицијата, која врши претрес.
„Жолтите елеци“ повикаа на протести и на кружниот-периферен автопат околу Париз, а се најавува силна мобилизација и во другите градови во Франција.
„Жолтите елеци“ го закажаа денешниот протест, бидејќи сметаат дека отстатпките на владата се недоволни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Константин Димитров, енергетичар
-
Алкалоид повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
-
Прилепската болница е оставена со над 3 милиони евра долг
-
Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети
-
Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците
-
РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа
-
По ДСЗИ, од вчера случајот со смртта на 14 месечното бебе го истражува стручната комисија
-
Мајката и малолетната ќерка во тетовско Слатино починале од труење