Македонија
9. October 2024 - 16:36

Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети

Дигитализацијата на јавните универзитети не е луксуз туку неопходност. Студентите бараат итна дигитализација бидејќи трошат премногу време чекајќи редови.

- На студентите на државните универзитети воопшто не им треба фитнес карта бидејќи наместо тоа трчаат по професори за да земат потписи и оценки и чекаат редови на шалтер, вели Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени.

Од годинава дигитализирани се два обрасци, за упис и заверка на семестар. До следниот се очекува уште неколку да добијат дигитална форма, но студентите бараат и промена во правилникот.

-Нашето барање до МОН, кадешто побаравме промена на Правилникот којшто утврдува дека Индексот мора да биде во книжна форма. Ние се бориме и нашата стратегија е од следниот септемри на УКИМ да нема индекс во книжна форма, вели претседателот на Студентското Собрание на УКИМ, Александар Николовски.

Дигиализацијата е задоцнета, вели министерката за образование, но уверува, подобри услови за студентите и осовременување на предавањата е приоритет на Владата. Државата бара начин како дигиталните услуги да ги унифицира и да бидат исти на сите јавни универзитети.

-Различно се дигитализацирани универзитетите. Според моите сознанија, Универзитетот во Штип е во најнапредна фаза. Иако, како што кажав, и различни се состојбите на одредени факултети. Цел ќе биде тоа да се унифицира и сите да ги пружаат истите услуги, вели Јаневска.

До крајот на годината Владата треба да ги заврши преговорите со ИТ компаниите и студентите да добијат ваучери од 250 евра за набавка на таблет, лап-топ или образовен софтвер.