Loading Video...
Свет
10. October 2024 - 16:35

Ураганот Милтон ја погоди Флорида - 2 жртви и милиони без струја

Најмалку две жртви, куќи и објекти без покриви и по вода, соборени семафори и дрвја. Паднати далновови, градежни кранови.

Милтон удри на американската сојузна држава Флорида како ураган од трета категорија и донесе ветрови со брзина од 200 километри на час, обилни дождови и торнада. Пет лица се повредени во торнада.  

Најтешко погодени се Тампа, Санкт Петербург, Сарасота и Форт Мајерс. Повеќе од два милиони домови и деловни објекти останаа без електрична енергија, а властите предупредија дека прекините може да траат подолг временски период. Најмалку 125 домови се уништени. И покрај предупредувањата за евакуцијата од властите, не сите жители ги напуштиле зоните за евакуација. Многумина останале. Па во Тампа,  во текот на ноќта 15 луѓе биле спасени откако дрво паднало врз семејна зграда. 

Други пак, со чамци биле евакуирани од поплавени куќи.

Претседателот Бајден побара од граѓаните да останат на безбедно. Предупредува дека паднатите далновови, оштетените куќи, езерцата по улиците лесно може да станат фатални.

- Понекогаш движењето на само неколку милји може да биде разлика помеѓу животот и смртта. Затоа ги повикувам сите на патот на уранот Милтон да ги слушаат локалните власти и дас ги следат сите безбедносни упатства што ги даваат, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Околу 9000 припадници на Националната гарда се на терен. Ангажирана е и федералната агенција за управување со вонредни сосотјби, ФЕМА.

- Нашата агенција е подготвена  да одговори на оваа бура и да и помогне на државата Флорида, истакна Деан Крисвел, ФЕМА

Милтон е втор ураган на Флорида за само две недели, по Хелен кој оденсе 20 жртви.