Loading Video...
Свет
8. October 2024 - 19:00

Преглед на вести од светот

СРПСКИ МЕДИУМИ:  КОСТА ГИ ОБВИНИ СВОИТЕ РОДИТЕЛИ И СОУЧЕНИЦИТЕ ЗА МАСАКРОТ

Коста Кецмановиќ кој  на 3 мај лани  изврши масовно убиство во белградското  основно училиште „Владислав Рибникар“ ја префрлил  одговорноста  на  неговите родителити и  сооучениците  за масакрот. Ова го  јавуваат српски медиуми по денешното сведочењето на Коста  во Специјалниот суд во Белград во судксиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, кое беше затворена за јавноста.   Се пожалил  дека мајка му постојано  барала од него да биде најдобар во се, а за својот татко рекол дека ако го немал пиштолот и ако оружјето не било на дофат немало да го изврши крвавиот поход. За соучениците Коста рекол  дека го отфрлале и затоа ги убил, според српските медиуми.  На Коста не може да му се суди бидејќи во моментот на делото имал 13 години. Момчето  беше донесе во судот од присхијатрсиката установа каде е сместен од 3 мај 2023 година , кога го изврши масакрот со 10 жртви – 9 деца и училишен  чувар. Денеска за прв пат се појави пред семејствата  на убиените деца, кои беа присутни во судницата и можеа да му постават прашања.    Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи однел 13-годишно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека небезбедно дома чувал оружје. Мајката е обвинета затоа што нејзината ДНК е пронајдена на чаура во училницата каде што бил извршен масакрот. Следното роичиште е закажана за 17 октовмри .

 

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА КОМАНДАНТОТ НА ХЕЗБОЛАХ ОДГОВОРЕН ЗА ЛОГИСТИКА

Израел почна копнени операции против цели на Хезболах во југозапден Либан а милитнантните истрелаа ракети кон северниот дел на Изарел. Сирени за тревога се огласија во Хаифа. Претходно  израелскиот армиски портпарол Даниел Хагари објави дека во синокешните воздушни напади во главниот град на Либан, Бејрут го убиле  командантот на Хезболах одговорен за транспортот на оружје помегу Иран и Хезболах  и негова диструбуција меѓу единиците на групата.  За убиството на Хусеин Хусеини потврда засега нема  од Хезболах.  Во текот на нокта Палестинската милитантна група Хамас го нападна  Тел Авив  со ракети, а две лица се полесно повредени. Во мегувреме изарелскиот премиер Нетања изјави дека се уште ги разгледуваат опциите како да  му се одмаздат на Иран за големиот ракетен напад пред една недела. Иран со нова предупредување до Израел.

-Му препорачуваме на ционистичкиот режим (Израел) да не ја тестира резолуцијата на Исламската Република. Доколку се случи каков било напад врз нашата земја, нашиот одговор ќе биде помоќен. Секој напад врз инфраструктурните објекти на Исламската Република дефинитивно ќе се соочи со посилен одговор, а нашите непријатели знаат какви цели во ционистичкиот режим (Израел) ни се на дофат и тие беа сведоци на моќта и точноста на нашите ракети, изјави Абас Арагчи,министер за надворешни работи на Иран.