Loading Video...
Свет
29. December 2024 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Хрватите по осми пат од независноста денеска избираат нов претседател. На изборите гласачите одлучуваат дали ќе му дадат нов, втор мандат на актуелниот претседател Зоран Милановиќ кој го поддржуваат СДП и нејзините партнери или на некој од неговите противкандидати. Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека убедливо води актуелниот претседател и кандидат на СДП Зоран Милановиќ со 39,3 отсто поддршка, а по него е кандидатот на ХДЗ Драган Приморац со 24,3 отсто. Независниот кандидат Марија Селак Распудиќ е на трето место со десет проценти поддршка, додека четврта е Ивана Кекин од „Можемо!“ со 8,1 отсто. Според хрватската државна изборна комисија отворени се над 6.500 избирачки места во земјата и во 38 други држави во кои право на глас имаат над 3,7 милиони гласачи.

По повеќемесечна политичка криза, поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили положи заклетва како нов претседател на Грузија во услови на длабока политичка криза, откако владата ги замрзна преговорите за пристап во Еверопската унија.
Иако мандатот и завршува денеска, Саломе Зурабишвили ја напушти својата резиденција во претседателската палата во главниот град Тбилиси и рече дека таа останува легитимен претседател. Тврди дека нејзиниот наследник е „нелегитимен“.

Грузија е соочена со бројни антивладини протести откако „Грузискиот сон“ прогласи победата на парламентарните избори во октомври, кои според меѓународните организации и грузиската опозиција беа спроведени и нарушени со случаи на купување гласови, двојно гласање, физичко насилство и заплашување. Протестите се интензивираа по одлуката на владата минатиот месец да ги одложи преговорите за пристапување на Грузија во Европската унија.