Белата куќа изработи монета за средбата Трамп - Ким
Белата куќа изработи комеморативна монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким кои се означени како „врховни лидери“ а на задната страна се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “.
Трамп и Ким треба да се сретнат на 12 јуни во Сингапур, иако Пјонгјанг неодамна се закани со можност за откажување на средбата.
Белата куќа редовно изработува комеморативни монети кои се подаруваат на високи функционери или се даваат како сувенири на посетителите.
Поради неизвесноста за одржување на средбата голем број твитераши бурно реагираа на таа социјална мрежа, коментирајќи дека е избрзана изработката на ваква паричка, пишува „ Гардијен“.
Ново на Сител
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата