Македонија
18. јуни 2016 - 10:13

Баскерфест и Гурмански викенд во Кавадарци

Почнувајќи од синоќа, викендов во Кавадарци се одржуваат Баскерфест и Гурмански викенд. 

Од името на организаторот на Баскерфест, Фимка Шопова-Темова информира дека на кавадарчани ќе им бидат понудени забавните атракции на познати членови на Баскерфест од целиот свет, артисти кои настапувале во повеќе светски градски центри.

- Се работи за мултикултурен настан кој оваа година гостува во 11 градови во Македонија. Се надевам дека во Кавадарци како и досега ќе имаме добар прием особено кај младите, но и сите оние кои го сакаат овој вид забава, вели Шопова Темова.

Гурмански викенд и Баскерфест се реализираат на градскиот плоштад во Кавадарци, каде има различна храна и пијалоци, како и жонглери, магионичари, танчери, моноцикли, кловнови, музичари, шоу со оган...   

Во музичкиот дел се очекува да настапат групи од Хрватска и Бугарија, како и познати кавадаречки бендови.