„Бабо, ќе плачеш поради мене! Ќе ме нема повеќе!“ - последните зборови на Анѓела постојано ми се в глава!
Семејството на тригодишната Анѓелина Стефановиќ од зајачарското селот Вратарница, која Владица Рајковиќ (28) по силувањето, ја уби брутално со камен по глава, излезе на помен и ја одбележа годишнината од нејзината смрт.
Душанка Стефановиќ, баба на силуваното и свирепо убиено девојче вели дека нејзината внука ја претчувствувала смртта.
-Тој злокобен 9.јули 2016 засекогаш ми го смени животот. Се почна нормално и беше така до вечерта, кога соседката ја повика Анѓела да дојде на детски роденден. Неможев ниту да насетам дека никогаш повеќе нема даа ја видам. Дури кога останав без мојата љубимица, се сетив на нејзините зборови кои ги изговори токму тој ден. Ми рече „Бабо, ќе плачеш поради мене! Ќе ме нема повеќе!““. Тоа го изговори и неколку дена пред трагедијата. Тогаш не обрнував внимание на тие зборови. Никогаш себеси нема да си протстам што ја пуштив на тој роденден, се потсетува Душанка Стефановиќ, баба на малечката Анѓела.
Убиецот по апсењето го призна злосторството и раскажа дека девојчето почнало да вреска додека ја силувал. Тој се разбеснил поради тоа, па и удрил неколку шамари за да ја замолчи. Меѓутоа, девојчето продолживо да плаче, поради што зел камен и буквално и ја смачкал главата, па нејзиното лице било непрепознатливо. Кога сфатил дека е мртва, ги облекол панталоните и ја одвлекол во блиската шума.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп