Автобус прегази пешак во Скопје, уште еден тешко повреден во тешка сообраќајка
Дента околу 14.30 часот на булевар „Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), управуван од М.З. (53) од Скопје удрил во пешакот М.И. (52) од с.Бојане.
Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде бил задржано за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Вчера во 10.10 часот на крстосница од ул. „4-ти Јули“ и ул. „Атанас Иљоски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (60) од Скопје и теренско возило „Рено Канго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (62) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ.. Тој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување.
Ново на Сител
-
„Македонци се пишуваа Албанци за да се вработат“ - Минчев рече дека балансерот ќе биде укинат
-
Пропаѓа културното наследство
-
Поскапе прилепската вода
-
Наќе Георгиев бара укинување на притворот
-
Ќе се рационализираат специјализациите
-
Засилени контроли на струмичката полиција
-
УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места
-
Преглед на вестите од светот