Македонија
12. July 2024 - 16:37

Поскапе прилепската вода

Регулаторната комисија донесе одлука за покачување на сметките за вода во Прилеп за 17,9%. Или од наредниот месец на една просечна сметка со потрошувачка од 10м3 која сега чини 610 денари, за истата едно семејство ќе плаќа 730 денари, односно 120 денари повеќе месечно. Инаку покачување на цените на водата требаше да се случи уште во јануари, но Советот на Општината тогаш не ја донесе таа одлука, а според Законот доколку помината 150 дена, Регулаторна сама донесува крајна цена. За среќа на прилепчани сегашната цена е скоро двојно помала од таа во јајнуари.

„Ова јавно комунално претпријатие 6 месеци фактурираше со цени што беа регулирани до 2023 година. Во тој период ние 6 месеци не ги оптоваривме граѓаните со нови цени, но периодот од 150 дена поминува и по закон регулаторот е обврзан да даде нови цени“, вели Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Каназализација“ – Прилеп.

Покачување морало да има кое се прави со предвидување за наредни 3 години затоа што поскапени биле сите репроматеријали и струјата. Освен новите приходи прилепски Водовод очекува и други средстсва од државата од најавенјот трансфер на пари од централната кон локалната власт.

„Сите овие проекти кои јас ги имам готови ќе послужат за промена на многу стари канализациони и водоводни мрежи. Во овие проекти имаме и нови населени места каде за прв пат ќе му биде донесена вода, реконструкција на 70 годишен извор Леково, сето ова ќе придонесе за намалување на загубите на вода“, додаде Гулабоски.

Издашноста на Студенчица засега е добра со 1.250 м3 во секунда, не се очекуваат некои проблеми, но сепак се препорачува на овие тропски горештини граѓаните да ја штедат водата.