-->
-->
Асфалтирање улици во поплавените подрачја
-->
Град Скопје денеска почна да ја асфалтира улицата по должината на каналот во Синѓелиќ, како дел од големата акција за асфалтирање поголем број улици и краци во Синѓелиќ и во другите поплавени подрачја.
Ќе се асфалтираат 450 метри во должина и ширина од четири метри. Вкупно ќе биде асфалтирана површина од 1.800 квадратни метри. Оваа улица е прва од низата улици што ќе ги асфалтира и обнови ЈП „Улици и патишта“, а коишто беа оштетени во поплавата на 6 август.
Финансиските средства за асфалтирање на овие улици ги обезбеди Град Скопје, а со која за помош на поплавените подрачја се одвоени 2,5 милион евра или околу 150 милиони денари. Дополнителна помош има и од Владата на Република Македонија.
На почетокот на асфалтирањето на оваа улица присуствуваа и вицепремиерот во Владата на РМ, Владимир Пешевски, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и градоначалниците на Град Скопје и Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам
-
Мариовско- Мегленски средби
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со историчарката Наташа Котлар
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата