Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
Родителите на деца со Даунов синдром од Струмица апелираат што побрзо да се донесе Законот за средно образование. Сметаат дека прилагодувањето на новата законска рамка ќе значи создавање на ефикасен, инклузивен и современ образовен систем, но и сигурност дека сите ученици добиваат квалитетно образование согласно нивните потреби и способности. Во спротивно и покрај подобрените услови нема да може да се зборува за целосна инклузија. Од здружението ,, Вера кое 15 години работи на помош и поддршка на лицата со Даунов синдром велат дека од овој закон зависи и одобрувањето на образовни асистенти и во средното образование. Со неговото носење конечно ќе се добие и конкретната бројка на деца со попреченост вклучени во редовниот образовен процес, податок кој во моментов не постои.
Според родителите, обезбедувањето на образовните асистенти и во средните училишта е важно не само за семејствата туку и за стручните служби кои ќе добијат поддршка во подготовката на нови програми програми неопходни за приспособување на наставната содржина на потребите на учениците со попреченост.
Освен законски измени во образованието , од здружението Вера ја потенцираат и потребата за отворање на центри за живеење на лицата со попреченост кои треба да обезбедат продолжена поддршка во нивниот понатамошен живот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар