Апелација ќе расправа за жалбите за затворските казни за Јовановски и Јанева
Апелацискиот суд во Скопје денеска на седница треба да ги рагледа жалбите за првостепената пресуда за случајот „Рекет“ со која Бојан Јовановски – Боки 13 е осуден на девет, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор.
Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, или предметот да го врати на повторно судење.
Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори во јули, а судењето почна во ноември 2019 година.
Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се водеше судска постапка во Основниот кривичен суд – Скопје во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.
Пресудата со која Јовановски доби девет, а Јанева седум години затвор беше изречена на 18 јуни 2020 година.
Јовановски и Јанева во моментов се наоѓаат во домашен притвор.
Ново на Сител
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење