Македонија
17. јуни 2024 - 10:32

Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие

Петнаесет пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа, еден од нив сѐ уште се води како активен, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК - Струмица, известува дека од 13.50 часот избувнал пожар на запалени ниска вегетација и нискостеблеста шума над душевна болница - „Негорци“. Интервенирано е со три противпожарни возила и деветмина пожарникари, како и шестмина шумари со две возила. Пожарот сѐ уште се води како активен, бидејќи преминал во непристапен терен, појаснуваат од ЦУК.

Вкупно 1.743 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, како итни се утврдени 70,28 отсто, а 29,12 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни.

Ново на Сител