Американски конгресмени ја притискаат Унгарија да одобри влез на Шведска во НАТО
Високи американски пратеници рекоа дека сакаат Унгарија веднаш да го одобри приемот на Шведска во НАТО, предупредувајќи во четвртокот, една недела откако Турција го одобри нејзиниот влез, дека Будимпешта ризикува трајно да ги оштети нејзините односи со Вашингтон ако не дејствува.
Бен Кардин пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат изјави дека е „длабоко загрижен“ за насоката на актуелната унгарска влада.
Тој претставник од редовите на демократите истакна дека унгарскиот премиер Виктор Орбан до денеска ја блокираше помошта на Европската унија за Украина, како и тоа што континуирано го попречува членството на Шведска во НАТО.
„Партнерите не прават такви работи. И се прашувам дали тие се сигурни сојузници за нашата програма за укинување на визите“, рече Кардин на прес-конференција.
Програмата за укинување на визите им овозможува на граѓаните од 41 земја да патуваат во САД до 90 дена без виза.
И сенаторот Џин Шахин, демократ, и Том Тилис, републиканец, кој копретседава со набљудувачката група на НАТО во Сенатот, во својата изјава ја повикаа Унгарија да ја промени насоката.
„Неуспехот на Унгарија да дејствува ризикува неповратно да ги оштети нејзините односи со САД и НАТО“, рекоа Шахин и Тилис во нивната изјава.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад