-->
-->
Албанија: Се враќаат случаите на Ковид, засега не е потврдена новата варијанта
-->
Повторно се вратија во Албанија инфекциите со коронавирус. Стручни лица од Институтот за јавно здравје информираат дека во јули има благ пораст на заболените во некои општини во државата, јавија тиранските медиуми.
- Епидемиолошката состојба е стабилна. Карактеристично е благо зголемување на случаите со Ковид во јули во однос на јуни. Зголемување на бројот на заразени е забележан во 15 општини, во 30 општини нема регистрани случаи, додека намалување на бројот на заболени е забележано во 17 општини, изјави Артан Симаку епидемиолог од Институтот за јавно здравје.
Според него до сега се уште не е изолирана новата варијанта на Ковид, E.G 5.1, идентификувана во Соединетите Американски Држави и некои европски земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит