Македонија
25. March 2021 - 16:31

Акција „Планина“: Уапсено уште едно лице за трговија со дрога

Уште едно лице е уапсено во акцијата "Планина" на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава Сител од извори во истрагата. 

Со тоа вкупната бројката на уапсени се искачи на 22. 

Приведените се сомничат за трговија со дрога. Запленети се дрога, пари, автомобили и мобилни телефони. Но, засега не е позната за каков вид и колкава количина на дрога станува збор. 

Уапсените се уште се на распит во четири Полициски станици во Скопје, а се очекува вечерва да бидат спроведени пред судија на претходна постапка.

 

Даниел Василев