АХВ: Спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватрните градинки на целата територија на Македонија.Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парчини казни .
Хигиенските барања кои се однесуваат на немплелемтирани процедури на Добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните.
За отстранување на утврдените недоследности, издадени се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции- парични казни.
Со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?