-->
-->
82 годишен Србин пронајден мртов кај Демир Капија
-->
Починат српски државјанин бил пронајден вчера во Демиркаписко, телото било предадено на обдукција, информираа денеска од СВР Велес.
-Вчера во 11.55 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во Демир Капија, во близина на река Вардар на место викано Арсова Лака, бил пронајден починат В.Д.(82) од Република Србија. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.
-->
-->
-->