334 санкционирани возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење намобилен телефон, 4 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 6 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак“, а за неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата