246 санкционирани возачи во Скопје, 90 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за мимување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски