Бизнис
25. April 2017 - 16:22

Земјоделците од утре да поднесуваат барања за штетите од пролетните мразови

Земјоделците од утре да поднесуваат барања за проценка на штетите кои ги предизвика мразот.  Комисиите се веќе на терен,  но за попрецизно утврдување потребно е производителите да ги достават документите до подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Земјоделците од Пијанец бараат и тие да бидат обешететени затоа што оштетувањето кај сливите и вишните е стопроцентно.

Денеска на владина седница ќе се дискутира за штетите што ги предизвикаа ниските температури и мразот. Откако ќе бидат готови извештаите од комисиите ќе се утврди и методологијата по која ќе се врши обештетувањето.

Мал дел на земјоделци од скопско и кумановско денеска го блокираа влезот на Министерството за земјоделство. Со мирен протест бараа да им се исплатат субвенциите.

Земјодеслците побараа итна заедничка средба со министрите за земјоделство и финансии како и со директорот на Платежната Агенција. Ако во рок од 24 часа не им се исполни барањето најавија порадикални протести.

Некои од нив се заканија дека ќе излезат со механизацијата и стоката и ќе го блокираат Скопје.

Од Министерсвото за земјоделство пак велат дека денес  никој од земјоделците кои беа пред објектот,  не побарал средба со министерот.

Според најголем дел од експертите по кривично право постои проблем со членот 165в од Кривичниот закон којшто ја забранува исплатата на субвенциите. Оваа состојба може да се надмине, со укинување на спорната одредба од страна на Уставниот суд. Изборите завршија и не може да се влијае на волјата на избирачите,  а со неисплатата се оневозможува остварување на право на граѓаните.