Бизнис
30. April 2024 - 16:35

Осигурителните компании не ги поевтинија полисите

Осигурителните компании не ги поевтинија полисите. Препораката од Комисјата за автоодговорност, не ја прифатија и денеска  продолжија да продаваат за 15% поскапо. Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека до нив не стигнала одлуката за замрзнувањето на цените, која вчера требаше да им ја достават осигурителните компании.  Сега се чека деновиве да се одржи нов состанок, каде поприцизно ќе се дефинира по кои цени можат да се продават полисите. Ако повторно не ги поевтинат, Владата, која го има последниот збор, на седница ќе треба да донесе одлуката за ограничување на маржата,  каде наместо сегашните не помалку од 15%, премијата треба да се ограничи да не надминува 30 отсто,  со што индиректно ќе се вратат цените како  пред поскапувањето. Граѓаните пак, кои очекуваа пониски цени при регистрација,  денеска си платија дополнителни  од 840, до 1,600 денари, зависно од моќноста на возилата

Ако останат ваквите цени  можно e поскапат и услугите на автошколите. Велат дека зголемените цени на полисите директно ќе им се одразат врз работењето, затоа што имаат повеќе возила

Инаку од Агенцијата за супервизија на осигурувањето остануваат на ставот дека нема основ за зголемување на цените,  бидејќи осигурителните компании и со старите  билдаа високи профити. Само лани  од задолжително автомобилско осигурување наплатиле 65 милиони вра. Од нив 11,5 милиони евра им дале на посредниците, односно  брокерите кои ги продаваат полисите за нив. Провизиите за нив се движат од 10 до 35 отсто од вредноста на полисата.