Бизнис
27. April 2024 - 16:38

Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата

Во понеделник ќе се врати старата цена за осигурување на возилата, дознава Сител. Поскапувањето за 15 отсто, кое го донесе Националното биро по барање на сите 11 осигурителни компании , на владина комисија за автоодговорност – ќе се поништи., велат извори од комисијата.  Дека е неоправдано донесена одлуката за зголемување на цените,  вчера  реагираа и од  Министерството за финансии и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

 „По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. , реагираа од АСO.

Од финансии во соопшението наведоа дека премијата за осигурување која ја плаќа осигуреникот, ја утврдува Владата, на предлог на Комисијата и таа останува непроменеета.

За поскапувањето реагираше и вицепремирот Битиќи. На својот  ФБ профил напиша.

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните“,

Вицепремиерот ги повика министерството за финансии и Комисјата за заштита на конкуренцијата да постапат по овој случај. Инаку, според новиот тарифник, поскапувањето е од 840 до 1.600 денари, во зависност од моќноста на автомобилите. Полисата  за осигурување е задолжителна и ја плаќаат граѓаните при регистрација на возилата. Цените не се променети веќе 15 години и ако останат исти се доведува во прашање цел осигурителен сектор.,кој е нерантабилен  и неодржлив  со вакви цени., велат од Националното биро за осигурување.

Наташа Мерсовска