Бизнис
22. November 2017 - 20:12

Заинтересирани инвеститори вршат увид во состојбата на кавадаречки Фени

Заинтересираните купувачи  почнаа да вршат увид  во  Фени. Фондот Фос Асед менаџмент од Женева Швајцарија денеска влезе во комбинатот за да види во каква сосотјба се машините и печките. Тој досега има инвестиции во повеќе обласи најчесто вложува во природни ресурси. Иако се очекуваше сопственикот Кунико  да не дозволи  ,сепак вратите на фабриката за тимот од фондот без проблем беа отворени. Деновиве обиколка се чека да направи и британски фонд. Интерес за фени има и од израелско-француски конзорциум, кој веќе направил увид.  Од синдикатото не очекуваат да се склучи договор со било кој од нив до  29 ти месецов за кога е закажно новото рочиште за Фени, но се надеваат дека како претохдното ова нема да биде одложено.

И вицепремеирот Анѓушев побара од засегнатите страни да соработуваат за да се реши проблемот со Фени.

Увидот  во Фени бил направен во присуство на доверителите – банките. Не се исклучува можноста и Енекод да даде понуда ако ги испполнува условите кои се бараат. Банките би биле задоволни ако некој од купувачите понуди  20 милиони евра. Тие во моментов ги поркиваат долговите на Фени, а Енекод треба да ги пушти платите на варботените за кои се потребни 700 илјади евра но најава за такво нешто нема.