Македонија
13. January 2016 - 16:27

Загадувањето на воздухот во Скопје и Тетово приоритет на Минстерството за екологија

Градот Скопје и Општина Тетово имаат најголемо ниво на загаденост на воздухот, и за решавање на тој проблем започната е реализација на два значајни проекти, посочи министерот Изаири во своето годишно обраќање.

Министерството за животна средина континуирано врши одржување на Државниот мониторинг систем, а преку веб порталот граѓаните постојано се информирани за состојбата на воздухот.

Изаири посочи дека една од приоритетните области на Министерството изминатата година била заштитата на водните ресурси, каде што се реализирани повеќе од 40-тина проекти со вредност од околу 30 милиони евра.

Во однос на климатските промени, РМ е првата држава во регионот и 11-та во светот која го усвои првиот двогодишен ревидиран извештај, кој е поднесен до Секретаријатот на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени.