Македонија
17. November 2016 - 16:09

Заев од Берн пред дијаспората продолжи да ја “Бутка” идеата за двојазичност на Македонија

Жестоки критики за македонската надворешна политика кон соседите и отворено афирмирање на идеите за двојазичност во државата, со предлози за проширување на рамковниот договор. Лидерот на опозицијата Зоран Заев, повторно со скадализни изјави, овој пат од трибината со албанската дијаспора во Берн Швајцарија. Покрај Заев, на дебатат учествувал и струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Откако минатата недела најави отварање на Уставор за редефинирање на државното уредубвање, Заев вчера отворил уште едно прашање што е исклучително чувствителнов о Македонија, кога станува збор за меѓуетничките релации. Предлага проширување на Рамковниот договор.

Лидерот на опозицијата отворено и жестоко ја критикувал македонската надворешна политика кон соседите, директно посочувајќи дека таа предизвикала непријателсва со систе соседи. Исто така Заев го повторил ставот, за кој вели дека е убеден во него, а тоа е формата на двојазичност во Македонија

Политичките аналитичари, веќе оценија дека ваквите ставови на опозицискиот лидер можат да бидат опасни за внатрешната стабилност на државата, бидејќи станува збор за прашања кои задираат во етничките чувства на граѓаните.