Бизнис
5. јуни 2017 - 20:43

Возовите повторно запреа: Министерот Сугарески најавува долгорочно решение за Железницата

Нов протест во железници, платите повторно доцнат. Патничкиот и товарниот сообраќај од утринава е редуциран.  Машиновозачите од денеска на блокади.

- Утринава не тргна возот од Скопје за Велес, во текот на денот ќе сообраќаат само до Битола и до Гевгелија. Од утре пак ќе има целосен застој на патничкиот и товарниот  железнички превоз, ако не бидат исполнети барањата на машиновозачоте. Ќе сообраќа само експресниот воз од Скопје за Белград.

Едно од барањето, враќање на  додатоците кои беа укинати поради антикризните мерки е прифатено. Но машиновозачите од пред претпријатието МЖ Транспорт посочија дека нема да продолжат со работа додека не  им биде исплатени  втората половина од априлската плата и за мај, платите повеќе да не ги добиваат во два дела и да се изготви правиклник за вреднување на работни места. Велат сите овие обврски кон нив не се исполнети.

Имале средба со новиот минстер за транспорт  Сугарески на кој му ги посочиле проблемите се соочуваат.

- Во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за нивно решавање како и долгорочното решение на состојбата во железницата, се вели во дописот од министертвотот за транспорт и врски.

Машинскиот персонал на МЖ Транспорт го сочинуваатп 100 тина машиновозачи и 50 тина помошници.